Историја во НБА-лига: Канингем одигра натпревар каков што немале ниту Јокиќ ниту Дончиќ (ВИДЕО)

0
Американскиот кошаркар Кејд Канингем одигра речиси совршен натпревар изминатата ноќ и го предводеше Детроит до победа над Вашингтон, и тоа по две продолженија. На крајот, Детроит славеше со 144:140 на гостувањето во Вашингтон, а неверојатниот настап на Канингем засекогаш ќе остане запишан во историјата на НБА-лигата.

Откако се игра НБА-лигата, не сме виделе ваков настап. Дури ниту Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, кои во последните пет-шест години соборија речиси сите можни рекорди, не успеале да одиграат натпревар каков што имаше Канингем за Детроит.

Најдобриот кошаркар на Пистонс постигна 52 поени, запиша 11 асистенции и пет скока за точно 48 минути поминати на паркетот. Тој шутираше 12/20 за два поени, 3/5 за три поени и 17/18 од линијата за слободни фрлања, но посебноста на неговиот настап се крие во претпоследната статистичка категорија.

Канингем е првиот кошаркар во историјата на НБА-лигата кој постигнал 50 или повеќе поени и забележал најмалку 10 асистенции на еден натпревар, без притоа да направи ниту една загубена топка. Уште поневеројатно е што на паркетот помина цели 48 минути.

Со ваков, речиси совршен настап, Детроит не можеше да загуби, иако ниту Вашингтон не се предаваше. Треј Јанг постигна 37 поени, додека Ентони Дејвис и Алекс Сар имаа по 30.

Од другата страна, во дресот на Пистонс, Денис Џенкинс додаде 21 поен, а одличниот Аусар Томпсон оствари трипл-дабл со 17 поени, 11 скока и 11 асистенции.

Резултати

  • Филаделфија – Торонто 123:112

  • Вашингтон – Детроит 140:144

  • Минесота – Далас 133:94

  • Феникс – Шарлот 101:96

ПретходноПовторно Шпанија и повторно сцени од кои застанува здивот (ВИДЕО)