Актуелниот шампион во женска конкуренција, екипата на Работнички, тргна со голема победа на гости кај Струмица во првиот финален меч од плеј-офот.
СТРУМИЦА – РАБОТНИЧКИ 0:3 (24:26, 23:25, 17:25)
Попладнево, лидерот во регуларниот дел од сезоната, екипата на Струмица, не успеа да ја искористи првата средба на домашен терен и дозволи скопскиот тим да тргне со победа во серијата која се игра до три победи.
Во првите два сета видовме крајно неизвесна и израмнета борба, која на крајот и во двата сличаи им припадна на гостинките. Работнички првиот сет го доби на разлика, а во вториот искорист сет-топка за водство и од 2:0. Струмица како да падна комплетно во третиот сет и не успеа да подготви евенутален пресврт.
Одличен меч за Работнички одигра коректорката Јузгенч, која средбата ја заврши со 17 поени, додека Николова имаше 11. Кај домашните одбојкарки Здјелар со 9 поени беше најдобра поентерка.
Вториот меч од финалната серија е на програмата веќе в среда во Скопје.