Фудбалерите на Баер Леверкузен во голем стил ја освоија титулата во Бундеслигата, откако денеска го испратија Вердер со „петарда“ и дојдоа до незадржлива предност од 16 бода пред Баерн (М) на пет кола пред крајот на шампионатот.
„Фармацевтите“ крајно мотивирани денеска славеа со 5:0 над Вердер во 29. коло од германската Бундеслига и веднаш по мечот ја почнаа прославата на титулата.
Избраниците на Чаби Алонсо стигнаа до првата титула во клупската историја, а во денешната победа повторно извцонреден беше младиот Вирц кој постигна хет-трик, додека два гола беа дело и на Џака и Бонифаце.
Bayer Leverkusen 5-0 Werder Bremen
The audience is on the pitch. Incredible images! Florian Wirtz hattrick!pic.twitter.com/B13q13yHEx
— FootColic ⚽️ (@FootColic) April 14, 2024