Битолчани со девет гола ја “поздравија“ Победа: Помладите пионери и младинците на Пелистер се пласираа во финалињата во Купот на Македонија!

435

Неверојатен ден, супер ден за Пелистер. Имено денеска младинците и помладите пионери на овој клуб се пласираа во финалињата во Купот на Македонија и тоа се пласираа со стил.

Младинците во полуфиналето ја победија Беласица со 3:0, додека помладите пионери во полуфиналето славеа со неверојатни 9:0 против лутиот ривал Победа. Резултат кој покажува со каков талент располага оваа екипа помладите пионери на клубот од Битола.

На првиот меч денеска одигран на игралиштето “Павел Шатев“ помладите пинери, како што веќе нагласивме, ја совладаа Победа со 9:0 и со тоа се пласираа во финалето во Купот на Македонија.

Стрелци на тие девет гола за Пелистер беа Осман Хасановиќ во 20., 57., 83., 85. минута, два гола беа дело на Лука Илијовски во 78. и 89.минута, а по еден погодок постигнаа Давид Ангеловски 43., Јован Мрмачовски 59. и Алек Сиваков во 69.минута.

Пелистер во финалето ќе игра против Брера која денеска во полуфиналето славеше против Шкендија со 3:1.

May be an image of 10 people, people playing soccer, people playing football and text

После се одигра и полуфиналето во младинска конкуренција а таму Пелистер со 3:0 ја победи Беласица.

Стрелци на тие голови беа Андреј Силјановски во 29. и 52.минута и Андреј Ристески во 90+1.минута.

Битолчани во финалето ќе се сретнат со подобриот од полуфиналниот дуел меѓу Брера и Македонија ЃП кој се игра на 18 април.

ПретходноЃорческа го мина првото коло во игра на двојки на турнирот во Копер
СледноСе повлече од тренерската позиција по жестоки протести за сексуално и морално вознемирување