Вечерва во ЛШ: Барселона и Атлетико бранат предност

102

Барселона го совлада Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“ во првиот четвртфинален меч (3:2) од ЛШ што значи дека со предност го чека реваншот. Барселона се надева на пласман во полуфиналето во ЛШ по пет години.

Тренерот Чави ги повика навивачите да го исполнат „Монжуик“ и да го направат врел котел кој ќе им даде крила на неговите фудбалери во борбата со опасниот ПСЖ кој ќе мора да игра офанзивно и да бара победа ако сака место меѓу четирите најдобри.
Барселона не може да смета на суспендираните Кристенсен и Серхи Роберто, кај ПСЖ нема суспендирани играчи.

Чави го доби надмудрувањето во дуелот со Луис Енрике на првиот меч, а ќе видиме што ќе смисли вечерва.
Сакам инспиративни фудбалери на теренот затоа што се зависи од нив. Исто така ни се потребни и навивачите кои ќе го направат „Монжуик“ врел котел како „Ноу Камп“. Ќе има тешки моменти, моменти кога ПСЖ ќе не стави под големо искушение. Ќе треба добро да одговориме“, изјави Чави.

А Луис Енрике е убеден дека неговиот тим ќе го сврти резултатот.
Веруваме дека ќе ги свртиме работите во наша полза. Ќе ја играме нашата игра, ќе вршиме притисок. Мислам дека вечерва ќе имаме ист меч како првиот со многу голови на двете страни“.

ПОЛУФИНАЛНИ ДВОЈКИ ВО ЛШ
РЕВАНШИ
БАРСЕЛОНА – ПСЖ 21:00 ч.
Резултат од првиот меч: 3:2
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – АТЛЕТИКО 21:00 ч.
Резултат од првиот меч: 1:2

ПретходноМилер ќе ја заврши кариерата идната година
СледноЗа малку ќе се степаа за пенал: „Следниот пат ќе ги извадам од игра“