Во Швајцарија без Атанасов, сега е доцна за нови повици

159
ФОТО:FFM.MK

Македонската фудбалска репрезентација, синоќа повторно не успеа да обезбеди поволен резултат во рамките од третото коло од Лигата на Нациите, Б дивизија, и загуби од Шкотска со 0:2.

Нашиот национален тим сега има уште еден меч за одигрување во овој репрезентативен прозорец, а тоа е оној против Швајцарија на гости. Истиот е закажан за вторник во 20:45 часот, а се игра во Луцерн, на Термоплан Арената.

На тој меча нема право на настап, Јани Атанасов, кој што вчера доби жолт картон и е под автоматска суспензија, затоа што ова за него беше втора опомена во оваа кампања.

Од друга страна пак, иако селекторот Гоце Седлоски уште пред мечот со Словенија рече дека ќе има дополнителни повици, поради повредите на Николов, на Алиоски, суспензиите, но еве ниту по мечот со Шкотска, тоа не се случи. А сега е веќе и доцна да се стори тоа.

 

ПретходноСкандалот со Манчестер Сити има и црн страна…. основачот на „Football Leaks“ се сели на тајна локација
СледноЃоковиќ подобар од Зверев за полуфинале во Пекинг