По три дена пауза поради смртта на Агрон Мемеди, асистентот во стручниот штаб, фудбалерите на Шкендија денеска го одработија првиот тренинг. Јасно е дека атмосферата била траорна по настаните во саботата кога Мемеди му се слошило на тренинг а на пат кон болница почина. Јасно е дека сите се во шок во клубот, но животот мора да продолжи а Гони ќе остане во сеќавање на сите во клубот од Тетово.
Да потсетиме дека мечот со Силекс од 14.коло се игра во понеделник на Арената “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 13 часот.















