Де Брујне за ѕвездата на Сити: Може да испише историја во следните 15 години

247

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне го пофали својот клупски соиграч, офанзивниот играч за врска Фил Фоден (23).

„Тој е еден од најголемите таленти со кои сум играл. Тој може да пишува фудбалска историја во следните 15 години“, изјави Де Брујне во интервју за Telefoot. Фоден излезе од академијата на Сити, стана член на тимот на тренерот Пеп Гвардиола и англиски репрезентативец.

Тековната сезона на Фоден е една од импресивните. На 45 натпревари постигна 22 гола и додаде десет асистенции, додека за клубот од Манчестер одигра вкупно 262 натпревари на кои постигна 82 голови и 51 асистенција. Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 130 милиони евра.

Ова не е прв пат Де Брујне да зборува за талентот на Фоден. Истото го направи и на почетокот на април по победата на Сити над Кристал Палас (4:2) во 32. коло од Премиер-лигата. Фил беше неверојатен цела сезона“, изјави белгискиот репрезентативец, а потоа додаде:

“Фил и јас бевме соиграчи седум години, така што повеќе не мислам на него како млад човек. Тој се докажа како суперѕвезда во нашиот тим. Тој е со нас долго време и едноставно е фантастичен”.

ПретходноНа Далиќ му падна мрак пред очи: Хрватска остана без првиот напаѓач
Следно10.000 билети за час се продадоа за последниот танц на Карабатиќ