На Далиќ му падна мрак пред очи: Хрватска остана без првиот напаѓач

510

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ доби катастрофални вести пред Европското првенство. Синоќа на натпреварот од шпанското првенство се повреди првиот напаѓач Анте Будимир.

Тој има сезона од соништата во Ла Лига, постигна 16 гола и е блиску до врвот на листата на стрелци во една од најсилните лиги во светот.

32-годишниот требаше да биде прв напаѓач на хрватската репрезентација на претстојното Европско првенство. Сепак, прашање е дали искусниот фудбалер ќе биде подготвен за настап на најдобрите селекции во Европа, бидејќи на мечот со Валенсија заработи тешка повреда.

Будимир доцна синоќа бил примен во болница. Се испостави дека тој скрши три ребра. Осасуна се огласи по крајот на натпреварот. Не објавија добри вести за Далиќ и Хрватска.

„Анте Будимир по натпреварот беше пренесен во болница. Тестовите покажаа дека претрпел сериозна траума во пределот на градниот кош. Скрши три ребра. Прими лекови против болки, а во вторник ќе му бидат извршени дополнителни прегледи“, соопшти клубот. 

Будимир ќе мора да паузира поради повреда. Сигурно нема да биде кратко бидејќи е скршено ребро и сега сите нетрпеливо чекаат вести од Шпанија.

ПретходноКарло Анчелоти во Манчестер ќе поведе играч кој нема право да игра во ЛШ
СледноДе Брујне за ѕвездата на Сити: Може да испише историја во следните 15 години