Надал се врати со стил: Убедлива победа на стартот на турнирот во Барселона

162

Се врати за првпат по Бризбејн на почетокот на годината и веднаш ј апокажа својата моќ. Рафаел Надал со триумф го отвори АТП Мастерсот во Барселона.

Еден од најголемите на сите времиња немаше многу проблеми против 21-годишниот Италијанец Флавио Коболи славејќи во два убедливи сета со 6:2, 6:3.

Коболи можеби се уште не е врвен играч, но се чини дека Надал денеска го играше одлично и останува да се види каков ќе биде неговиот следен настап во втората рунда во Барселона, каде за противник го очекува четвртиот фаворит на турнирот, Австралиецот Де Минор.

ПретходноСе повлече од тренерската позиција по жестоки протести за сексуално и морално вознемирување
СледноКапело: Јуве мора да го купи Гринвуд и уште тројца играчи за да му парира на Интер