Олимпискиот факел го почна патот кон Париз (ВИДЕО)

35

Грчката актерка Мери Мина го запали факелот со што започна патот на штафетата со олимпискиот оган од Грција во Франција, а ќе кулминира со палењето на олимпискиот оган во главниот град на Франција на свеченото отворање.

Париз ќе биде домаќин на Летните олимписки игри по третпат по 1900 и 1924 година.

„Во овие тешки времиња во кои живееме, со војни и конфликти во пораст, на луѓето им е преку глава од омраза, агресија и негативни вести со кои се соочуваат секојдневно. Сакаме нешто што не зближува, нешто што не обединува, нешто што ни дава надеж. Олимпискиот оган што го палиме денес е симбол на таа надеж“, изјави претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах во својот говор.

ПретходноНекогашниот прв пик на НБА драфтот на 36 години оди во пензија
СледноЖестоки пресметки во Барселона: Навивачите на ПСЖ се судрија со полицијата (ВИДЕО)