Ѓорческа го мина првото коло во игра на двојки на турнирот во Копер

88

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во второто коло во игра на двојки на турнирот во словенечки Копер.

Македонката со својата партнерка, Романката, Андреа Миту беа подобри од чешкиот пар Викторија Бервид-Денис Хридникова со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-1.

Во второто коло тие за противник ќе го има чешко-украинскиот пар Себестова-Соболева.

Ѓорческа е дел и од турнирот во сингл конкуренција, а во четврток во првото коло за противник ќе ја има Романката, Анка-Алексија Тодони.

ПретходноВердер го казни Кеита поради одбивањето да отпатува со екипата во Леверкузен
СледноБитолчани со девет гола ја “поздравија“ Победа: Помладите пионери и младинците на Пелистер се пласираа во финалињата во Купот на Македонија!