Атлетико ќе игра на Светското клупско, а Барселона НЕ!

538

Два шпански тимови, Барселона и Атлетико се елиминирани во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Но Атлетико ќе добие утешна „награда“ – учество на Светското клупско првенство оваа година и со тоа ќе инкасира убави финансиски средства. А за Барселона нема место на истото.
Оваа година СКП ќе се игра во поинаков формат. Ќе учествуваат 32 клубови поделени во осум групи со по четири тимови.
Од Европа се 12 тимови (последните четири освојувачи плус осум најдобро пласирани според табелата на коефициенти). Шест екипи се од Јужна Америка, по четири ќе имаат Африка, Азија и Северна Америка, а едно Океанија.
Атлетико и покрај тоа што испадна го сочува местото за пласман на СКП затоа што е има добар коефициент на ранкинг листата на УЕФА.
Околу Европа останува уште едно прашање, дали на СКП ќе оди Арсенал или Салцбург.

ПретходноГундоган со искритикува Араухо и тимот
СледноВечерва во ЛШ: Сити и Реал во епска борба за полуфинале