Женската репрезентација до 16 години ќе учествува на развоен турнир во БиХ

300


Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април учествува на меѓународниот Уефа развоен турнир што се одржува во Босна и Херцеговина.

Нашите млади фудбалерки ќе одиграат три натпревари, а за противници ќе ги имаат селекциите на Словенија, Украина и домаќинот, БиХ.

Првиот натпревар го играме против домаќинот на турнирот, селекцијата на БиХ. Во втората пресметка ќе се соочиме со Украина. Во последното коло играме против селекцијата на Словенија.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 16 години, Катерина Милеска, за развојниот турнир, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Теа Сапунџиев    Истатов

Евгенија Вењановска   Скопје

ОДБРАНА:

Арба Мерко   Ас Јунајтед

Јована Јованоска   Цевитана

Андреа Коловска   Љуботен

Искра Смилевска   Скопје

Михаела Марковска   Топ Гол

Теодора Јоновска   Топ Гол

Ема Нановска   Истатов

Лина Луканова   Ас Јунајтед

СРЕДЕН РЕД:

Леонтина Пржолева   Тиверија

Теона Галабовска   Тиверија

Ева Величковска   Љуботен

Блехана Алиевска   Топ Гол

Теодора Настова   Скопје

НАПАД:    

Настасја Накова   Скопје

Розита Пецева   Тиверија

Уна Јосевска   Скопје

Меланија Грозданова   Скопје

Ана Марија Цветкова  Лангус, Холандија

ПретходноБИТОЛЧАНЕЦОТ Ј.М. ГО ОСВОИ РЕКОРДНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ
СледноГундоган со искритикува Араухо и тимот