Барселона се чини имаше се во свои раце во четвртфиналето во ЛШ против ПСЖ. Имаше победа од првиот меч, водство на реваншот а потоа Араухо направи фаул за црвен и каталонците загубија со 1:4 на “Монжуик“, а со тоа не успеаја да се пласираат во полуфиналето.
По се ова се чини дека најмногу гневен беше Чави Ернандез, кој никако не можеше да се смири ни за време на мечот ни после него кога даваше изјава.
Инаку во 55.минута тој доби директен црвен картон од страна на судијата Иштван Ковач, откако почна да ги шутира рекламите на ЛШ.
“Тоа и му го кажав на судијата. Неговата одлука да го исклучи Араухо му беше катастрофална. Јасно е дека тој е судија кој не ја разбира играта, едноставно сме елимнинарани само поради него.Штета што цела сезона во ЛШ ни заврши на овој начин, со ваква одлука на судијата“ рече покрај другото стратегот на Барселона.
ROJA A XAVI HERNÁNDEZ! 😂😂😂 pic.twitter.com/mEWR3XckhF
— MT (@MadridTotal_) April 16, 2024