МЗТ Скопје по печат на полуфинале кај Широки

126

Актуелниот македонски првак денеска (19 часот) му гостува на Широки во рамките на вториот плеј-оф четвртфинален натпревар. Кошаркарите на МЗТ Скопје имаат широко отворени порти за пласман во полуфиналето.

На првата средба, пред своите навивачи славеа со (85-69), 16-те поени разлика треба да бидат повеќе од доволно за да се најде во следната рунда во битката за враќање меѓу елитата на Јадранот.

Широки во првото полувреме покажа дека е незгоден противник, особено ако одбраната е под нивото. Па на избраниците на Васко Атанасов им останува да ја повторат играта од второто полувреме и да се најдат во посакуваното полуфинале.

Предводникот на МЗТ Скопје верува во своите момци, кои треба на терен да го спроведат договореното.

„Знам дека моите момци се ментално стабилни, важиме за искусна екипа и верувам дека ќе може да се дистанцираме од случувањата во Аеродром. Ако тие ги следат сите инструкции и ако го дадат својот максумум, тогаш ќе нема за што да се грижиме околу пласманот во полуфиналето“, рече Атанасов. 

Директен пренос од мечот ќе има на Арена 3.

ПретходноПМФЛ – 28.коло: Брегалница – Работнички се игра в сабота, сите останати мечеви се закажани за во недела!
СледноРоналдо суспендиран на два меча и казнет со 5,500 евра!