Завршија првите полувремиња од полуфиналните реванш средби во Купот на Македонија.
Во Кавадарци на пауза се замина со тие почетни 0:0. Тиквеш имаше неколку шанси, Спахиу во два наврати беше очи во очи со гостинскиот голман Илјази, се закани и Робертино, но гол немаше. Да кажеме дека на првиот меч на Чаир резултатот беше 0:0.
Во Ѓорче по првите 45.минути резултатот е 1:1. Воска поведе со голот на Јахии во 13.минута, а израмни Фазли во 25.минута. На првиот меч во Охрид тогаш Воска победи со 2:0.