Лина го мина првото коло на ИТФ турнирот во Копер, следната ривалка е од Италија

77

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во второто коло на ВТА фјучерсот во Копер, Словенија. Ѓорческа на стартот на турнирот ја елиминира шестата носителка, Романката, Анка Алексија Тодони во два сета.
Лина го доби првиот со 6:4, а вториот поубедливо со 6:1 и ја исфрли шестата носителка на турнирот, а 191 на светската ВТА листа.
Во следната фаза Ѓорческа ќе се соочи со Италијанката Дебора Киеза која со 6:2 и 6:0 ја совлада Озген од Турција. Киеза е 457 тенисерка на светот.
Да потсетиме Лина ќе игра во второто коло и во двојки затоа што во тандем со Романката, Миту го победија украинско-чешкиот пар Соболева-Себестова.

ПретходноВечерва во ЛШ: Сити и Реал во епска борба за полуфинале
СледноПолувреме: Тиквеш со шанси, но без голови во Кавадарци, 1:1 е во Ѓорче!