Ромарио се врати на терените на 58 години

89

Бразилската фудбалска легенда Ромарио ќе игра за Клуб Америка од Рио де Женеиро, каде што ја обавува улогата на претседател на клубот. Америка игра во бразилската Серија Д, а Ромарио има 58 години.
„Не се борам за титули, но сакам да одиграм неколку натпревари за овој клуб. Освен тоа ќе остварам уште еден сон – да играм со синот“, изјави Ромарио.
Синот Ромарињо има 30 години.
Ромарио е светски шампион со Бразил од 1994 година. Играше за ПСВ, шпанските Барселона и Валенсија, како и многу бразилски клубови. Тој го одигра последниот меч за Клуб Америка во 2009 година.

ПретходноЃорѓи Мојсов: Фантастичен успех на Тиквеш, сега одиме по пехарот во Купот!
СледноСтојановски успешно опериран, го чека долга рехабилитација