Пет минути игра, седум контакти со топка, два дуели. Вака еден од најтиражите весници во Европа, германски „Билд“ го опиша последниот настап на нашиот репрезентативец Елиф Елмас во дресот на РБ Лајпциг нарекувајќи го неговиот трансфер „најголемо зимско промашување“.
„Македонецот кој дојде од Наполи за 24 милиони евра важи за зимско трансфер промашување. Во 13 кола од неговото доаѓање тој одигра само вкупно 163 минути“, дополнува весникот.
Според „Билд“ во моментов проблем плус за Елмас и неговото неиграње во првиот тим на „биковите“ е и фактот што тој има барем двајца конкуренти за неговата позиција кои моментално се подобри од него. Наводно нашиот репрезентативец неколкупати разговарал со тренерот Розе, но никако да ја добие посакуваната шанса.
И на оној меч кога беше стартер, Елмас мораше да замине на полувремето поради вртоглавица.