ФК Скопје реагира на судиската анализа на мечот со Беса

736

Второлигашот Скопје денеска испрати соопштение во кое реагира на објавената судиска анализа на натпреварите од домашните фудбалски шампионати.

„ФК Скопје трпеливо и одговорно ја чекаше судиската анализа за натпреварот ФК Беса – ФК Скопје одигран на 6-4-2024, кој заврши со победа на домаќинот од 2-1. Сега веќе можеме да ги соопштиме и нашите видувања и забелешки во интерес на вистината, на она што се случуваше на фудбалскиот терен во с. Врапчиште. Укажуваме на сите нерегуларности на натпреварот во име на точното информирање. Според приказаната игра од страна на двете екипи, оние што имаа можност да го следат натпреварот во живо или преку видео стрим, можат да потврдат дека ФК Скопје прикажа квалитетна игра, модерен фудбал и беше поблиску до победата. Во најмала рака не заслужи да доживее пораз. Директен виновник што ФК Скопје не се врати со три или барем со еден бод е судиската тројка предводена од главниот судија Миле Лазов и неговите помошници Зоран Ангелов и Ване Дупкаров. Изразуваме благодарност до судиската организација на Македонија за коректната анализа во однос на само еден спорен момент (досуден непостоечцки пенал за домаќинот). Истовремено се прашуваме зошто не беа разгледани одлуките на првиот помошен судија кој во два наврати сигнализираше непостоечка офсајд позиција, во момент кога фудбалери на ФК Скопје беа во позиција да постигнат гол. Со тоа да го зголемат водството и ФК Скопје да ги освои трите бодови. Го потенцираме и исклучително нееднаквиот критериум при доделување на жолти картони од страна на главниот судија. Додека нашите фудбалери, Жоглев, Ристевски… добија жолти картони во дуели во кои немаа никаков контакт со противнички фудбалери, играчите на ФК Беса за прикажаните боречки зафати и удирање без топка на нашите фудбалери не добија ниту усна опомена“, се вели во соопштението од ФК Скопје.

 

ПретходноИ тоа го видовме: Тениски меч прекинат поради снег! (ВИДЕО)
Следно„БИЛД“: Трансферот на Елмас во РБ Лајпциг е големо зимско промашување