Дојде од Гвинеја и ја прегази лигата во Македонија како член на Тиквеш и како голгетер кој ги кине мрежите на сите екипи во земјава а посебно на Шкендија и Вардар.
Нфанли Сила иако има 21 година тој е најдобриот играч во шампионатот без разлика на тоа што има рекордни 10 гола на 11 средби и е убедлив лидер на листата на најдобри стрелци во шампионатот. Прво се „истури“ врз Шкендија и вчера и врз Вардар на истиот терен на ФФК каде со идентични 1:3 екипата од Кавадарци докажа дека е класа и дека има екипа која може да ги победува и најдобрите, најтрофејните и најскапите екипи во земјава. „Среќен сум за победата – ова е голем момент. Благодарен за голот, гладен за уште голови…“, напиша Нфанли Сила на социјалните мрежи само неколку минути по одличната игра и големата победа на неговиот клуб во Скопје, на теренот кај актуелниот првак. А Сила е тој кој боде очи иако во Тиквеш се е „скоцкано“ како треба и се тече во најдобар ред.
Сето тоа полесно изгледа кога на клупата се има врвен тренер и професионалец каков што е Оливер Богатинов.
Продаден во Турција за 625.000 евра!?
Уште во летните месеци таму некаде кон август излезе веста дека Тиквеш ќе го продаде Нфанли Сила. СпортСпорт дознава дека фудбалерот од Гвинеја е веќе нов фудбалер на Анталијаспор за трансфер од 625.000 евра и дека во јануари тој треба да се врати во оваа земја од каде што дојде во Кавадарци. Претходни настапуваше за нисколигашот Кечиоренгучу.
За 625.000 евра фудбалер немаат продадено во последните години ниту Шкендија и Вардар, иако Роџерс Мато кој „избега“ во Хартс беше најблиску до квалитетоте кои ги има Сила. Аргентинците кои дојдоа кај првакот се светлосни години зад квалитетите на овој голгетер иако истите се платени многу-многу повеќе од голгетерот на Тиквеш кој игра за плата од 3.000 евра (сума која ја зема просечна резерва во Вардар па и Шкендија). Сепак последните игри, настапи и ефектни голови се поврда за супер-талентот и „златото“ кое го има Тиквеш во своите редови.
Вистинска машина за голови.















