Предмалку екипата на МЗТ Скопје Аеродром објави дека се разделува со досегашниот тренер на екипата Васко Атанасов.
Менаџментот на клубот ја донесе оваа одлука по синоќешниот пораз во домашниот шампионат на гостувањето кај Струмица, неуспех кој што беше во редот на многуте кои „Штрковите“ ги нанижаа во последните неколку недели. Најголемиот дел од нив беа на меѓународна сцена, но очигледно дека на МЗТ Скопје Аеродром во моментов му е потребна промена од ваков тип.
Атанасов инаку го презема тимот во 2023 година и е најмладиот стратег во историјата на македонската кошарка кој што освоил шампионска титула.










