Фудбалерите на Аталанта го потврдија најголемото изненадување во четвртфиналето на Лигата на Европа откако вечерва го елиминираа Ливерпул. Англичаните славеа со пирови 0:1 на гостувањето во Бергамо благодарение на голот на Салах во 7. минута од пенал, но со играта која ја прикажаа, немаа шанси за ништо повеќе. Аталанта со дисциплинирана игра ги разби редовите на „црвените“ и не им дозволи да создадат ниту една зрела шанса за гол.
Во полуфиналето на Лигата на Европа оди и екипата на новиот германски шампион Баер (Л). „Фармацевтите“ вечерва одиграа 1:1 на гостувањето кај Вест Хем и поради победата во првиот меч успеаја да се пласираат во следната рунда. Голот за Вест Хем за водство од 1:0 го постигна Антонио уште во 13. минута, а израмни Фримпонг во 89. минута на средбата.
Таму има место и за Рома, која и во вториот меч со Милан успеа да обезбеди победа. Вечерва на „Олимпико“, „волчицата“ славеше со 2:1 и го потврди своето место во полуфиналето. Рома поведе со 2:0 уште во првиот дел со головите на Манчини и Дибала, а Милан само го ублажи поразот со голот на Габија во 85. минута.
Последниот патник во полуфиналната рунда ќе биде познат по продолженијата на мечот во Марсеј, каде домашниот Олимпик во регуларниот дел славеше со 1:0 против Бенфика и успеа да се избори за дополнителни 30 минути, по оној пораз од пред една недела од 2:1. Единствениот гол за Марсеј беше дело на Мумбања во 79. минута.