Баерн (М) му порача на Пеп: Мусиала не е на продажба!

220

Баерн Минхен нема намера да го продаде Џамал ​​Мусиалa. Во Англија тврдат дека за 21-годишниот Германец многу сериозен интерес покажуваат Манчестер Сити и Челзи.

Дури и да пристигне понуда за офанзивниот играч за врска на „Алијанц Арена“, таа ќе биде одбиена веднаш.

Раководството на Баерн во Мусиала гледа лидер за следниот период. Баварците многу брзо ќе започнат преговори со германскиот репрезентативец за обновување на неговиот договор. Тоа ќе се случи откако ќе се реши тренерската промена.

Актуелниот договор на Мусиала е до летото 2026 година.

ПретходноНикола Портнер обвинет за користење допинг средства
СледноЛЕ: Аталанта го „среди“ Ливерпул, Рома вторпат подобра од Милан (ВИДЕО)