Аеродромци зачувајте го датумот: Познато е кога МЗТ Скопје го игра првото полуфинале!

683

Македонскиот првак се пласираше во плеј-оф полуфиналето во АБА2-лига. Кошаркарите на МЗТ Скопје беа минимално поразени на втората четвртфинална пресметка против Широки и благодарение на убедливата победа на првиот меч.

На патот до финалето, „сино-белите“ ќе го имаат тимот на Спартак Суботица. Избраниците на Васко Атанасов се домаќини на првата полуфинална средба, мечот е закажан за 24 април со почеток во 19 часот. Овој ден во Македонија е прогласен за неработен, па сите вљубеници во „сино-белиот“ дрес, но и љубители на кошарката ќе имаат причина плус да дојдат во СЦ „Јане Сандански“ и да му дадат ветер во грб на актуелниот македонски првак во битката за враќање во јадранската елита.

Втората средба се игра на втори мај.

ПретходноТухел: Во првото полувреме изгледаше како да играме шах!
СледноРома го официјализира новиот тренер, Мурињо доби потврда дека бил изигран