Анчелоти откри што му рекол Гвардиола по мечот: Беше господин!

8955

Реал Мадрид го исфрли Манчестер Сити по драма и пенали. Шпанскиот тим им се приклучи на ПСЖ, Борусија и Баерн во полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Ваков натпревар беше единствениот начин да се помине“, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти, чиј тим играше бункер и ретко поминуваше на половината на противникот.

„Почнавме добро, поведовме, а потоа почнавме да се мачиме, да се бориме… Стоевме премногу ниско, а Сити имаше се поголема контрола. За среќа одлично се браневме. Во текот на пенал рулетот бевме уверени дека ќе одиме понатаму, играчите ми рекоа дека ќе победат“, додаде Анчелоти.

Италијанскиот тренер откри и што му кажал Пеп Гвардиола од Сити по престрелката.

„Тој ми честиташе и ни посака среќа. Тој беше господин како што е секогаш, исто како и овој клуб, џентлменски клуб“.

ПретходноЛШ: Европа ќе има нов шампион, Реал на пенали го елиминираше Манчестер Сити
СледноГвардиола: Нема да одговарам на прашањата што направил Анчелоти!