КЛ: Бриж го замолкна Солун, продолженија во Истанбул

134

Фудбалерите на Клуб Бриж го победија ПАОК во Солун со резултат 2:0 и со вкупни 3:0 се пласираа во полуфиналето на Конференциската лига на УЕФА, каде ќе ја пречекаат Фиорентина.

Белгијците уште во првото полувреме ги згаснаа сите надежи на преполниот стадион „Тумба“, со двата гола на шпанскиот напаѓач Феран Јутгла.

Вториот вечерашен дуел меѓу Фенербахче и Олимпијакос отиде на продолженија. Фенер успеа да победи во регуларните 90 минути со 1:0 и да дојде до вкупни 3:3 од двата меча.

ПретходноЛЕ: Аталанта го „среди“ Ливерпул, Рома вторпат подобра од Милан (ВИДЕО)
СледноХамилтон нема намера да се правда за преселбата во Ферари