Само на Балканот и тоа во БиХ. Дербито од Првата лига во Тузланскиот кантон меѓу Меџиџа и Требава бил прекинат во 80.минута откако судијата не бил во можност да го продолжи натпреварот.
Во тој момент домашните имале водство од 1:0 а судијата Замир Курбашиќ досудил пенал за гостите. И тогаш се случило хаос. Домашните незадоволни од ваквата одлука на Курбашиќ го нападнале, почнале да го удираат судијата. Во терен влегле и службени и неслужбени лица кои исто така го удирале судијата.
По некои искази судијата минал неколку часа во соблекувалната, не смеел да искочи надвор зошто го чекале домашните фанови. Дури потоа тој со помош на неколку полицајци бил “извлечен“ од стадионот.
По ова со своја реакција излезе и клубот Меџиџа кој јасно имаше што да каже за судијата.