Анчелоти до детали ја проучувал тактиката на Арсенал од последниот меч со Сити

869

Карло Анчелоти и неговиот тим соработници детално ја проучувале тактиката на Арсенал на мечот со Манчестер Сити од 30. коло во Премиер лигата која заврши 0:0 за да ја подготват својата дефанзивна тактика за мечот со „граѓаните“ на „Етихад“ синоќа.

Реал Мадрид го совлада Манчестер Сити во второто четвртфинале од Лигата на шампионите по подобро изведување на пенали, откако во регуларниот дел и по продолженијата беше 1:1.

Според „Марка“, пред натпреварот, стручниот штаб на Анчелоти добил стрикни задачи да се задлабочи во начинот на кој Арсенал му пристапи дефанзивно на мечот со Сити кој заврши без голови. Анчелоти бил воодушевен од поставената тактика на Артета на тој меч.

Ова не е првпат Реал да ги адаптира техниките на противниците, ако се знае дека пред неколку сезони Мадрид ја ископира и техниката на уфрлање од Рајо Ваљекано.

ПретходноСамо на Балканот: Го претепале судијата па го држеле “опколен“ на стадионот неколку часа!
СледноПомошникот на Клоп ќе биде нов тренер на Бешикташ?