Ракометната федерација на Македонија организира ракометен турнир за помлади пионери (У13) од скопскиот регион, со цел поттикнување на спортскиот дух, развој на младите ракометни таленти и промоција на ракометот кај најмладите генерации.
Турнирот ќе се одржи утре (31 октомври) од 10 до 17:30 часот во спортската сала „Расадник“ во Скопје.Младите ракометари ќе имаат можност да ги покажат своите вештини, тимскиот дух и љубовта кон ракометот преку натпревари исполнети со спортски предизвици и дружење.
Во наредниот период, како што информира Ракометната федерација на Македонија, ќе бидат организирани вакви турнири и во останатите региони, со цел да им овозможи на што поголем број млади ракометари да бидат дел од оваа спортска иницијатива.










