Јувентус два дена по новиот пораз донесе одлука за судбината на Лучано Спалети!

0
фото: JuventusFC (X)

Како што пренесува „Goal.com“, раководството на Јувентус одржало состанок со фудбалерите во тренинг-центарот „Континаса“, еден ден по неуспехот против Џенова.

Според пишувањата на италијанските медиуми, разговорот поминал во исклучително остра атмосфера, со јасно предупредување дека досегашниот пристап повеќе нема да се толерира.

И покрај незадоволството, раководството засега им дало поддршка на стручниот штаб и на екипата.

Фудбалерите на Јувентус од петок ќе престојуваат во клупскиот тренинг-центар, каде што ќе се подготвуваат за неделниот дуел со Наполи на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Според пишувањата на новинарите на италијанскиот „Тутоспорт“, нема да има ништо од промената на тренерот, барем не пред крајот на сезоната.

„Јувентус има јасна намера Спалети да остане на тренерската позиција до крајот на сезоната. И самиот тренер има голема самодоверба дека може многу брзо да го извлече тимот од кризата“, се наведува во објавата.

ПретходноЗапочнува продажбата на билети за Македонија – Словенија