Скандал: Мбапе ги провоцирал Каталонците, па предизвикал општа тепачка!

497

Откако во првиот натпревар беа поразени на домашен терен, фудбалерите на ПСЖ забележаа убедлива победа на гостувањето кај Барселона и се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите.

По натпреварот беше многу „жешко“. Причината е големото славје на фудбалерите на ПСЖ кои оваа победа ја доживеаја како одмазда за поразот во првиот натпревар, но и за историскиот пресврт на Барселона кој се случи во сезоната 2016/17.

Како резултат на големата возбуда поради убедливата победа и пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите, некои играчи славејќи го напуштија теренот, а тоа не им се допадна на играчите на Барселона.

Килијан Мбапе го имаше најострото славје, пренесуваат медиумите од Шпанија, кој решил со своето однесување да ги испровоцира фудбалерите на Барселона.

„Ова е фудбал, теренот е местото каде што разговараме“, биле зборовите на Мбапе додека одел кон соблекувалната на неговиот тим.

Ова веќе вознемири голем број играчи на Барселона кои сфатија што зборува Мбапе, тие веднаш тргнале кон него и му ја прекинале прославата.

Жестока тепачка избила пред соблекувалните, пишуваат шпанските новинари, а се било пропратено со жестоки навреди, туркање и пцовки. Во тепачката учествувале речиси сите играчи на двата тима, но и стручниот штаб. Како што велат Шпанците, во тепачката и туркањето учествувале 60 луѓе.

За среќа, никој не бил сериозно повреден…

ПретходноВо Виена ќе биде исцртан евро-патот на македонските ракомерки!
СледноДодека Реал го напаѓаат поради „бункерот“, Анри застана на негова страна!