Исени ја мина првата пречка на ЕП во бокс, пораз на Рустемовски

89

Вчера во Белград почна Европското првенство во бокс а уште во првиот ден настапи имаа тројца македонски боксери. Еден од нашите главни адути, Ален Рустемовски беше поразен уште во првиот меч во категоријата до 57 килограми. Рустемовски за противник го имаше големиот фаворит, Турчинот Мехметан кој славеше со 5:0.

Затоа, пак, одличен почеток имаше Арјан Исени, кој во категоријата до 80 килограми во воведната борба го победи Гркот Цамалидис со 3:2. Во второто коло, Исени веќе утре ќе има борба против Ерменецот Ховхансијан.

Иако вчера беше планиран настап и на Дион Лена, тој не се појави во рингот на мечот со Литванецот Лаверновас, кој без борба обезбеди пласман во следното коло во категоријата до 63,5 килограми. На ЕП настап имаат 337 боксери од 34 земји.

ПретходноРома се откажува од Лукаку, не може да ја плати бараната сума
СледноЗверев се налути и се обиде да го прекине мечот – Ова е смешно…