Ригорозна казна и одземени 18 бода: По 35 години Витесе оди во Втора лига

157

Надежите на Витесе за останување во холандската Прва лига беа уништени денеска кога независната Комисија за лиценцирање на Холандската фудбалска асоцијација (КНВБ) му одзеде 18 бода поради неисполнување на финансиските обврски. Витесе на тој начин сигурно ќе ја напушти холандската фудбалска елита каде беше член во последните 35 години.

Со ова одземање на бодови, Витесе сега дојде до -1 бод на табелат, односно 25 бода помалку од РКЦ Валвијк, кој е на првата позиција која води до квалификациите за опстанок. Витесе никогаш не бил шампион на Холандија, но во 2017 година го освои Купот.

ПретходноВисар повторно „тресе“, Падерборн слави (ВИДЕО)
СледноФинале на плеј-оф: Штип УДГ врати со иста мерка, Струмица го претрпе првиот првенствен пораз