Финале на плеј-оф: Штип УДГ врати со иста мерка, Струмица го претрпе првиот првенствен пораз

363

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Штип УГД го искористи првиот финален меч од плеј-офот на домашен терен и успеа да и го нанесе на Струмица првиот сезонски пораз во првенството, а со тоа и да израмни на 1:1 во партии во битката за шампионската титула.

ШТИП УГД – СТРУМИЦА    3:1 (30:28, 17:25, 25:20, 25:21)  /  1-1

Вечерва во преполната штипска сала, домаќините одиграа одличен меч и потсетија на оној финален дуел од Купот во кој исто така испишаа историја победувајќи го бранителот на титулата. Штип успеа по голема борба да го освои првиот сет, а потоа Струмица возврати со доминација во вториот сет.

Во третиот и четвртиот сет видовме голема неизвесност. Ова особено беше впечатливо во четвртиот сет во кој Струмица почна одлично, направи предност и од 5 поени, но Штип УГД беше упорен и успеа поен по поен да ја топи негативата за да дојде до прво израмнување на 19:19. Потоа во серија момците на тренерот Ристески успеаја да направат разлика и да ја реализираат втората сет-меч топка за победа и израмнување  на 1:1 во серијата.

Извонреден вечерва беше младиот Иранец во составот на Штип УГД, Махди Задмард, кој средбата ја заврши со 24 реализирани поени, а одличен беше и репрезентативецот Алексов со 13, од кои најголемиот дел ги освои во четвртиот сет.

Третиот финален меч е во Струмица во понеделник во 19 часот.

ПретходноРигорозна казна и одземени 18 бода: По 35 години Витесе оди во Втора лига
Следно11 години ја водеше академијата на Манчестер С., а сега е нов директор на Манчестер Ј.