Раководството на Рома донело одлука за напаѓачот Ромелу Лукаку, пишува „Газета дело Спорт“. Тој нема да остане на „Олимпико“ туку ќе се врати во Челзи. Договорот за позајмица е до крајот на сезоната и по завршувањето ќе се врати во Челзи.
Рома не планира да го откупи неговиот договор затоа што не може да ја плати бараната сума од Челзи во висина од 43 милиони евра. Белгиецот ќе се врати во Лондон, а потоа може пак да биде позајмен.
За него има интерес од клубови од Саудиска Арабија. Оваа сезона Лукаку постигна 10 гола во италијанскиот шампионат.