Вујошевиќ со став за Јокиќ: Да дојде да игра, а не да почести со своето присуство!

377

Прославениот тренер на Партизан, Душко Вујошевиќ зборуваше за претстојните Олимписки игри во Париз и за шансите на српската кошаркарска репрезентација која за противник ќе го има дрим тимот на САД. Клучно за националниот тим на нашиот северен сосед е да биде во комплетен состав на чело со Никола Јокиќ.

„Доколку одиме со најсилниот тим, како што е најавено… Ако Јокиќ ќе биде таму, веројатно и Мициќ… Лучиќ е многу важен, се надеваме дека ќе игра Богдановиќ, кој е многу важен за тој тим. Под услов секој од нив, а пред се мислам на Јокиќ, да дојде да игра, а не да почести со своето присуство, доколку дојде максимално мотивиран и во функција на тимот… Само под тие услови би имале шанса. Нема посилна конкуренција од Олимписките игри, а учеството таму треба да биде крунисано со добар резултат. Тоа треба да биде мотив за сите да се подготват“, изјави Вујошевиќ во емисијата „360 степени“.

ПретходноСигурно не очекуваше такво прашање: Де Роси збесна поради потегот на Љоренте (ВИДЕО)
СледноМанчестер Сити подготвува мега трансфер, тргна по еден од најскапите во светот