Легендарниот Французин Зинедин Зидан три години е без работа, а денеска шпанскиот Ел Мундо Депортиво најавува негово враќање затоа што тврди дека е на чекор од клупата на Баерн Минхен.
Баерн остана без титулата во Бундес лигата и без Купот, па единствена утеха им е ЛШ. Отпадна опцијата да го врати Јулијан Нагелсман кој го продолжи договорот со германскиот национален тим, па Зидан може да го наследии Томас Тухел.
Шпанскиот весник тврди дека двете страни се договориле, а наводно Зидан побарал три квалитетни дефанзивци затоа што со оние со кои располага екипата во моментов не се доволни.
Баерн е се што му треба на Зидан, големина, стабилност, можност за борба за трофеи… Токму тоа го имаше Зидан и во Реал Мадрид. Потоа имаше понуди од неколку клубови кои ги одби.