Нашите судии, делегати и инструктори добија 15 номинации за шампионатите „под капата“ на ФИБА

117

Нашите судии, делегати и инструктори добија номинации за вкупно 12. натпреварувања кои ги организира ФИБА, а се дел од Европските младински шампионати кои ќе бидат реализирани во наредниот период.

Нашата федерација доби 15. поединечни номинации, од нив вкупно 11. се од судиски сегмент, една номинација е делегатска, една како главен делегат, и две инструкторски, од кои една е за нашиот национален ФИБА инструктор Ѓорѓи Пиперков.

НОМИНАЦИИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ОФИЦИЈАЛНИ ЛИЦА СО ЗНАКОТ НА ФИБА

ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА „ПОД 20“- МАЖИ

*На Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 20“ години кое од 13. до 21. јули ќе се одржи во Гдиња (Полска), ќе суди Игор Митровски.

*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 20“ години кое од 12. до 21. јули ќе се одржи во Питешти (Романија), ќе суди Томи Панов.

ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА „ПОД 20“- ЖЕНИ

*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 20“ години кое од 6. до 14. јули ќе се одржи во Софија (Бугарија), ќе судат Зоран Митровски и Андреј Златевски.

ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА „ПОД 18“- МАЖИ

*На Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 18“ години кое од 27.јули до 4.август ќе се одржи во Тампере (Финска), во улога на делегат е Владо Цветковски.

*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 18“ години кое од 26. до 4.август ќе се одржи во Скопје (Македонија), ќе судат Алија Феревски и Игор Мијалковски, додека за судиски инструктор е номиниран Ѓорѓи Пиперков.

*На Европското првенство од Дивизијата „Ц“ за кошаркари „Под 18“ години кое од 23. до 28.јули ќе се одржи во Елбасан (Албанија), ќе суди Зоран Митровски.

ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА „ПОД 18“- ЖЕНИ

*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 18“ години кое од 2. до 11.август ќе се одржи во Плоешти (Романија), ќе суди Ема Никочевиќ.

*На Европското првенство од Дивизијата „Ц“ за кошаркарки „Под 18“ години кое од 23. до 28.јули ќе се одржи во Приштина (Косово), ќе суди Игор Митровски.

ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА „ПОД 16“- МАЖИ

*На Европското првенство од Дивизијата „А“ за кошаркари „Под 16“ години кое од 9. до 17.август ќе се одржи во Ираклион (Грција), ќе суди Зоран Митровски.

*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години кое од 8. до 17.август ќе се одржи во Скопје (Македонија), ќе суди Андреј Златевски.

*На Европското првенство од Дивизијата „Ц“ за кошаркари „Под 16“ години кое од 9. до 14. јули ќе се одржи во Тирана (Албанија), во улога на главен делегат е Петар Денковски.

ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА „ПОД 16“- ЖЕНИ

*На Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 16“ години кое од 15. до 24.август ќе се одржи во Коња (Турција), во улога на судиски инструктор е Петар Денковски.

ПретходноМанчестер Сити подготвува мега трансфер, тргна по еден од најскапите во светот
СледноОИ Париз: Германците одвоија 2,1 милион евра за освојувачите на медали