Пет потписи во еден ден – Галатасарај ги задржа главните ѕвезди

785

Турскиот фудбалски гигант Галатасарај објави дека ги продолжил договорите со петмина свои главни играчи – Бариш Јилмаз, потоа Лукас Тореира, Кан Ајхан, Абдулкерим Бардакчи и искусниот голман Фернандо Муслера.
Муслера дури 13 години го носи дресот на Галатасарај и ќе продолжи да го прави истото.
„Тој веќе не е странец. Тој е еден од нас. Зборувавме за продолжување на соработката и тој не се двоумеше. Ни рече: “Како ќе кажете вие“. А ние сакавме да ја продолжиме соработката“,објавија од Галата.
Алмер е фудбалер со голем потенцијал. Тој е пример за младите фудбалери и од Галата порачаа дека не сакаа да изгубат ваков бисер.
Оваа сезона Галатасарај е лидер во Суперлигата со 87 бодови по 32 кола, два повеќе од второпласираниот Фенербахче.

ПретходноЗверев се налути и се обиде да го прекине мечот – Ова е смешно…
СледноЕвертон во трката за опстанок остана и без Патерсон