По 23 години: Начо му соопштил на Реал дека си заминува

1141

Начо Фернандез го известил раководството на Реал (М) дека по завршувањето на сезоната ќе си замине. Начо е вистинска легенда на Реал Мадрид, затоа што во клубот е дури 23 години. Капитенот на „кралевите“помина дванаесет сезони како играч во првиот тим на мадридскиот клуб, откако дебитираше во 2011 година под водство на Жозе Мурињо.

Минатата сезона се чинеше дека ќе стави крај на престојот во Реал Мадрид , но сепак во последен момент се одлучи да остане. Дванаесет месеци подоцна, историјата се повторува, но сега тој отиде подалеку со тоа што им порача на челниците на клубот дека неговата идеја за заминување е дефинитивна одлука.

34-годишниот дефанзивец е на листата на посакувани фудбалери на Интер, што значи дека можеби кариерата ќе ја продолжи во Италија.

ПретходноЃорческа не успеа да се пласира во финалето во двојки во Копер
СледноВисар повторно „тресе“, Падерборн слави (ВИДЕО)