ВМФЛ: Беса и Пелистер со нови победи, ама славеше и Детонит! (ВИДЕО)

947

Попладнево се одиграа сите осум средби од 25.коло во ВМФЛ. Беса и покрај тоа што победи на гостувањето кај Арсими сепак ќе почека уште малку на промоцијата како нов прволигаш зошто и Детонит дома славеше со 1:0 против Беласица.

Стрелци на головите за Беса беа Скендери и Меметриза, додека голот за Детонит во триумфот против струмичани беше дело на Бабунски.

Пелистер со минимални 1:0 го победи Охрид и тоа со голот на Благоја Љамчевски во 66.минута.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 25.КОЛО

Арсими – Беса 0:2

Детонит – Беласица 1:0

Скопје – Тетекс 2:0

Саса – Новаци 1:3

Караорман – Победа 0:2

Кожув – Осогово 2:0

Пелистер – Охрид 1:0

Вардар (Н) – Башкими 1:0

ТАБЕЛА

Беса 66, Пелистер 60, Детонит 52, Арсими 41, Охрид 38, Башкими 37…

ПретходноШефилд стана првата екипа во Премиер лигата со 50+ примени голови на домашен терен
СледноСтоле и Рајо со пресврт до победа над Осасуна