Шефилд стана првата екипа во Премиер лигата со 50+ примени голови на домашен терен

118

Екипата на Шефилд Јунајтед ита кон Чемпионшип дивизијата, а денешниот пораз на домашен терен од Барнли со 1:4 означи неславен рекорд. Имено Шефилд Јунајтед стана првата екипа во историјата на Премиер лигата со преку 50 примени голови на домашен терен.
Моментално Шефилд има 51 примен гол на домашен терен, а вкупно 88. Закован е на дното на табелата со само 10 бодови.
Инаку единствениот клуб со повеќе примени голови на домашен терен во најсилниот англиски фудбал била Астон Вила со 56 примени голови во сезоната 1935/36 кога најсилната лига се викала Прва дивизија.
Во меѓувреме Брентфорд ја запиша највисоката победа на гостински терен во Премиер лигата. „Пчелките“ славеа со 5:1 на гости кај Лутон.

ПретходноПМФЛ: Работнички ја “реши“ Брегалница среде Штип! (видео)
СледноВМФЛ: Беса и Пелистер со нови победи, ама славеше и Детонит! (ВИДЕО)