Новак со пресврт го мина првото коло во Париз

0

Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Мастерсот во Париз, откако по голема борба го совлада Валантен Вашеро од Монако со 2:1 во сетови. Српскиот тенисер, кој е поставен за десетти носител, загуби во тај-брејкот на првиот сет со 7:6, но во продолжението успеа да направи пресврт и да слави со 7:5 и 6:1.

Мечот траеше два часа и 35 минути, а Вашеро беше на чекор до големо изненадување, бидејќи во вториот сет имаше можност да сервира за победа. За Ѓоковиќ ова е прв настап во Париз по 2023 година, каде што досега има освоено рекордни седум титули.

Со победата, 39-годишниот Србин стана највозрасниот тенисер со триумф на овој турнир. Во следното коло ќе игра против Австралиецот Ринки Хиџиката.

ПретходноВест Хем смени менаџер, и го доведе Скот Паркер