Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои трофејот на АТП 500 турнирот во Виена, откако во финалето го совлада Австралиецот Алекс де Минор со 2:0 во сетови (6:1, 6:4). За светскиот ас ова е 28. титула во професионалната кариера, а прва на турнирот во австриската престолнина.
Алкарас фуриозно го започна финалето, направи два брејка и поведе со 4:0, а потоа без поголеми проблеми го освои првиот сет со убедливи 6:1.
Во вториот сет Де Минор пружи многу посилен отпор. Австралиецот успеваше да ги задржи своите сервис-гемови, но при резултат 5:4 Алкарас направи клучен брејк и со 6:4 го затвори мечот по еден час и 29 минути игра.
За двајцата тенисери ова беше прво финале во Виена, но трофејот му припадна на Шпанецот, кој ја продолжи успешната сезона со уште еден освоен АТП турнир.










