Македонецот одличен: Нено и Арис го урнаа Пао на Обрадовиќ!

157
фото: ARIS B.C. (FB)

Во меч од 5.коло во шампионатот на Грција одличен настап на нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ, зачинет со голема победа против веројатно најквалитетниот тим во Европа, Панатиниаикос на Жељко Обрадовиќ.

Во големото дерби на Грција тимот од Солун славеше со 99:90. Секако дека за нас најиинтересно е тоа што Нено одигра одличен настап, посебно во првата фаза од оваа средба. На крајот статистиката вели дека Македонецот запиша 14 поени, имаше и пет асистенции. Нено беше трет стрелец во тимот на Спанулис.

Ова е четврта победа за Нено и Арис во изминатите пет кола. Ова е прв пораз на Пао во шампионатот или трет во низа ако се знае дека имаше два порази во Евролигата.

ПретходноВардар засега го „вози“ дербито против Пелистер
СледноФантастичен гол на Диоманде: Реал Мадрид го “реши“ и Сантандер