Пред полна сала се игра вечното дерби помеѓу Вардар и Пелистер, прво во новата сезона во Супер-лига. После 30. минути игра резултатот е 15-12. Актуелниот македонски првак има серија од осум победи во низа, на другата страна битолчани се втори со скор од седум победи и реми.
Иако двата тима играат на европска сцена, сепак квлитетот и темпото кое го понудија во првото полувреме не е на високо ниво.
Љревар има седум гола кај домашниот тим, на другата страна Кузмановски постигна пет погодоци.
Две одбрани на Валах беа доволни за налет на Вардар од 3-0 (два гола на Љевар и еден на Митровиќ) и прво поголемо водство од 5-2 во 10-татата минута. На спротивната страна Лино Червар повика тајм-аут, кој се одлучи за игра „седум на шест“. Вардар поведе и со три гола разлика, 8-5 беше во 16-тата минута.
Пелистер не дозволи негативата да расте, успеа да дојде на гол негатива, искористи техничка грешка на „црвено-црните“, па предноста која ја имаше домаќинот беше од еден до два гола. Пред 29. минута, Кузмановски промаши од седум метри, на другата Вардар реализираше за 15-12 на одморот.










