Фудбалерите на Интер Мајами се вратија на победничките патеки, откако синоќа го победија Нешвил со 3:1. Лионел Меси блескаше, беше двоен стрелец и асистент при вториот гол на Серхио Бускетс.
Сепак, гостите поведоа во втората минута по автогол. Но, Интер Мајами брзо се врати, во 11. минута Меси израмни на 1-1 по одбиена топка по обидот на Луис Суарез. Во 39. минута Меси му асистираше на својот поранешен соиграч од Барселона, Серхио Бускетс, кој зголеми на 2:1.
Конечните 3:1 повторно ги постави Меси во 81. минута од пенал.
Интер Мајами сега е лидер во Источната конференција со 18 бодови, но има и меч повеќе од Њујорк Ред Булс.
Исто така, Меси се искачи на второто место на листата на стрелци со седум гола, еден повеќе од Аранго од Солт Лејк.