Порто победнички, Никола Митревски повторно блескаше!

804

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски и Порто ја запишаа втората победа во плеј-офот во португалскиот шампионат, откако на гостински терен кај Брага славеа со 26-24.

Митревски и овој пат беше сигурен на мрежата на својот тим, зад неговото име запиша 13 одбрани, имаше 50% ефект. Прв стрелец беше Кристенсен со девет погодоци.

Втор пораз во плеј-офот забележаа Филип Талески и Бенфика, тие беа совладани на гостувањето кај лидерот Спортинг со убедливи 37-28. Македонскиот репрезентативец беше стрелец на еден гол.

ПретходноГвардиола бесен по големата победа: Ова е неприфатливо, недозволиво…
СледноКако некогаш во Барса: Меси и Бускетс за пресврт и прво место на Интер Мајами (ВИДЕО)